Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар стигна до првата победа во новата сезона од Прва лига и тоа дури во петиот одигран меч. Црвено-црните на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари се радуваа на триумф од 2:1 против Македонија Ѓорче Петров.
Одлично започна Вардар и со головите на капитенот Дарко Мицевски од пенал и на Азер Омерагиќ домаќините стигнаа до предност од 2:0 што беше резултат и на полувремето. Во вториот дел резултатот остана ист се до 90+3 минута кога Македонија ЃП постигна гол за 2:1, но гостите не успеаа да се спасат од пораз.
Со 2:0 победи и Воска на свој терен против Брегалница, додека без голови завршија дуелите Брера – Работнички и Шкендија – Шкупи. Единствен кој на гости се радуваше е силекс и тоа на теренот во Гостивар, победувајќи со 2:1.