Вардар моќно со 10 разлика победи на гостувањето во Нови Сад

Вардар се израдува на првата победа во новата сезона од регионалната СЕХА лига, откако на гостувањето во Нови Сад, Црвено-црните победија убедливо со 26:16 (11:9) против Војводина.

Едно полувреме траеше отпорот на домаќините, иако Вардар во ниту еден момент не дозволи да биде во негатива. Беше 3:3, па следуваше мини серија на Вардар од 3:0 за 6:3, а на полувреме фаворитот водеше со 11:9.

Второто полувреме започна со гранитна одбрана на Вардар. Ракометарите на Војводина едноставно немаа начин како да го загрозат противничкиот гол, па за 17 минути успеаа да постигнат само два гола. Во овој период Вардарци погодија 11 пати, па во 47 минута Црвено-црните имаа убедливи 22:11 и беше јасно дека дуелот ќе влезе во мирна завршница.

Тимур Дибиров со седум гола од осум обиди беше најпрецизен кај Вардар (три пенали). По четири пати погодија браќата Оливие и Кевин Њокас, Моралес и Стоилов беа стрелци на три гола. Томовски имаше четири одбрани, а Гогов три пати успешно интервенираше (два фатени пенали).

Во следното коло Вардар на 18 февруари ќе гостува кај Нексе, тим од кој загуби во првото коло во Скопје со 24:25.

 

- Оглас -

Најнови вести