Вардар на -4 по првите 30 минути на гостувањето кај Веспрем

Вардар е во негатива од 21:17 на гостувањето кај Веспрем во дербито од петтото коло во Лигата на шампионите. Унгарскиот првак постигна голем број на погодоци против европскиот првак во првите 30 минути од средбата, но Црвено-црните се држат на -4 и дозволуваат домаќинот целосно да ја преземе контролата.

Вардарци имаа резултатска предност во воведот од мечот при резултат од 3-4, но Веспрем за брзо ја презеде иницијативата, па со неколку контра-напади дојдоа до овие +4 во првото полувреме. Пред паузата македонскиот првак успеа во неколку наврати да намали на само два гола разлика, меѓутоа експлозивниот Нилсон кој засега е перфектен со 6/6 не им дозволи на ракометарите на Вардар да го анулираат резултатот.

Сепак, 17 гола не се малку, ако се земе во предвид катастрофата против Кил која Вардар ја претрпе во Скопје во минатото коло.

- Оглас -

Најнови вести