Вардар најде топ-бомбардер – Марко Вујин ќе игра една година за европскиот првак

Ветеранот Марко Вујин ќе игра за Вардар една година откако двете страни се договорија за соработка за идната сезона. Леворакиот бомбардер со одлично педигре има 35 години, а пристигна во редовите на сè уште актуелниот европски првак од Спортинг Лисабон.

Вујин во минатото играше за европските гиганти Веспрем и Кил, а е еден од најдобрите стрелци во историјата на српската репрезентација со 489 гола на 126 натпревари.

Вујин игра на позицијата десен бек и е леворак, а пак неговото искуство и квалитет ќе бидат добредојдени за Вардар.

Претходно Црвено-црните се засилија со голманот Кантагрел, потоа и со Јагуриновски, Талески, Георгиевски, Гаџа и Векиќ, па полека се склопува мозаикот за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести