Вардар не го искористи 10-минутното безумие на Мешков

Вардар загуби со 24-22 на гостувањето кај Мешков Брест во премиерниот меч од новата сезона во Лигата на шампионите. Сè уште европскиот првак успеа да надополни два гола негатива од првото полувреме откако одбраната перфектно функционираше во вторите 30 минути за тимот на Алушовски, меѓутоа домаќините во финишот го обезбедија триумфот.

Фантастичната серија од 6-0 го донесе Вардар во резултатска предност, по што домаќините беа збунети и цели 10 минути беа без реализација. Така од 15-11 за Мешков, Вардар дојде до +2. Белорусите, сепак, во последната минута влегоа со 23-22, а Вардар наместо да израмни, не го искористи последниот напад и му овозможи на Мешков да ги потврди бодовите.

Перфектниот Вујин со 6/6 не беше доволен за гостите од Скопје да избегнат разочарување. За Мешков најефикасни беа Валипау и Паниќ со по шест погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести