Вардар не отпатува за Париз!

Ракометниот првак Вардар денеска не отпатува за Париз, иако така беше предвидено, во пресрет на утрешниот меч против Пари Сен Жермен во групната фаза од Лигата на шампионите.

Неофицијално, на последните тестирања, двајца членови од таборот на Вардар биле позитивни на корона-вирусот и затоа е одложено денешното патување кон главниот град на Франција.

Мечот на Вардар против Светците требаше да се игра во рамките од шестото коло од групната фаза. Вардар по три меча, има три бода, додека ПСЖ започна многу лошо и по четири одиграни дуели има само една победа и три порази.

- Оглас -

Најнови вести