Вардар не победи ни во Гостивар, Слога Виница е нов лидер на истокот

Вторите лиги во Македонија носат голема возбуда сезонава, битката за пласман во елитниот ранг е неизвесна. Првата фаза од сезоната е завршена, сега следуваат уште завршни девет кола, секој со секого само уште по еднаш.

После денешните дерби мечеви, нов лидер на втората лига Исток е Слога Виница, која победи со 2-0 против Каменица Саса. На виничани им одговараше ремито без голови на другото дерби помеѓу Победа Прилеп и Беласица, па сега се со два бода плус во однос на прилепчани.

На Западот, Силекс сигурно гази, со 3-0 го надигра Кораби и се зацврсти на прва позиција со седум бода пред Воска која одигра 1-1 со Тетекс. Нерешениот резултат на Воска не го искористи скопски Вардар, кој истотака играше 1-1 на гостувањето кај Гостивар. Вардар е на пет бода минус во однос на Воска во битка за второто место кое води во бараж.

- Оглас -

Најнови вести