Вардар ниту победи, ниту загуби во Норвешка

Македонскиот ракометен првак, Вардар 1961, освои бод на стартот на новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите. Вардарци ремизираа со 27-27 на гостувањето кај Елверум, во меч кој скопјани можеа и да го добијат и да го загубат.

Вардарци го контролираа мечот во првите 20-тина минути, имаа предност од 13-9, но Елверум во финишот на првото полувреме и на стартот на второто, направи голема серија од 7-0, за водство од 16-13. Сепак, Вардар не падна психолошки, туку повторно заигра добро, изедначи на 20-20, па и поведе со 22-21, а резултатската нишалка не дозволи некој од двата тима да се одлепи на разлика поголема од два гола предност.

Елверум имаше 27-25, а Вардар со два гола избегна пораз. При 27-27, двата тима не реализираа по еден напад.

Во другите два меча од групата А, Кил победи на гости кај Мешков Брест со 33-30, а нерешено 29-29 заврши мечот Монпелје – Сегед. Алборг и ППД Загреб играат вечерва.

- Оглас -

Најнови вести