Вардар пак се врати на поразите, Работнички и Шкендија одиграа 7+

Борец во Велес со 2:0 го победи Вардар во дербито од долниот дел од табелата во Првата фудбалска лига на Македонија. Велешани со оваа победа стигнаа до 36 бодови, додека Вардар остана претпоследен со 31 бод. Уште во 15-тата минута Борец стигна до водство со погодокот на Мишов, а сите дилеми беа решени во 81-вата минута, кога Адили зголеми на 2:0.

Вардарци по победата во минатото коло, прва во 2021 година, сега повторно се вратија на лошите резултати и само чудо може да се случи да не испадне на крајот од сезоната.

Во најефикасниот меч одигран денеска, новиот шампион Шкендија со 5:3 победи на гости кај Работнички. Гостите од Тетово водеа со 2:1 на полувреме, а во вториот дел имаше вистинска голеада и беа постигнати уште пет погодоци.

Во останатите мечеви: Шкупи – Струга Трим Лум 0:0, Македонија Ѓорче Петров – Пелистер 3:0, Беласица – Силекс 1:3, Академија Пандев – Ренова 1:1.

Табела: Шкендија 71 бодови, Шкупи 56, Македонија ЃП 51, Струга ТЛ 48, Работнички 41, Пелистер 38, Борец 36, Силекс 35, Академија Пандев 35, Ренова 32, Вардар 31, Беласица 17.

- Оглас -

Најнови вести