Вардар промовира тинејџер кој треба да ја засили левата позиција

Лука Војнески е ново име во редовите на ФК Вардар. Младиот 19-годишен фудбалер игра на позициите последен играч за врска, но и како лев бек.

Војнески потекнува од младинската академија на ФК Работнички, а во досегашната кариера има настапувано и за екипите на Кожув и Опатија од Хрватска.

Сега реши да го облече дресот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, и тоа во пресрет на седмото коло од Прва лига, кога Вардар ќе гостува на Тиквеш. Вардар има само една победа, едно реми и три порази, додека Тиквеш е со седум бода во досегашниот дел од првенството.

- Оглас -

Најнови вести