Вардар против Пекинг во Скопје ја започнува одбраната на тронот во СЕХА

Актуелниот шампион на СЕХА-лигата, тимот на Вардар, со дуелот против Пекинг јуниверзити во СЦ „Јане Сандански“ ќе ја започне одбраната на тронот. Пресметката против кинеската екипа која сезонава ќе дебитира во СЕХА, е закажана на 3 септември, а допрва ќе биде терминот во кој Црвено-црните ќе го одиграат премиерниот меч во деветтата сезона на меѓународното ракометно натпреварување.

Вардарци се во групата А каде што за противници покрај Пекинг им се уште Нексе, Татран Прешов, Војводина и Мотор Запорожје.

Вториот македонски претставник, битолскиот Еурофарм Работник, на 4 септември ќе го пречека тимот Спартак од Москва, кој исто така ќе го запише првото учество во ова ракометно натпреварување. Останатите противници на Работник во групата Б се ППД Загреб, Металопластика, Мешков Брест и Веспрем.

На следниот ЛИНК може да го видите целосниот распоред за новата сезона во СЕХА лигата.

- Оглас -

Најнови вести