Вардар реди порази, мешаница на врвот на табелата

Со трите гола на Ален Јашароски, Воска спорт во Охрид го совлада Вардар со 3-2 и покажа дека Црвено-црните резултатски не реагираа позитивно ни после промените во клубот.

Вардар дури во третото коло ги постигна првите голови по враќањето во елитата, но тоа не е утеха за најтрофејниот клуб, бидејќи погодоците беа во финишот, откако противникот водеше со 3-0.

Тиквеш, Брера Струмица, Шкендија, Работнички и Брегалница се на врвот на табелата со по 6 бода, со тоа што некои од овие тимови имаат одиграно по два, а некои по три натпревари.

РЕЗУЛТАТИ: Брегалница – Гостивар 2-1, Работнички – Македонија Ѓорче Петров 1-0, Шкупи – Силекс 1-1, Тиквеш – Шкендија 1-2, Воска спорт – Вардар 3-2.

- Оглас -

Најнови вести