Вардар со победа ја отвори серијата контроли на подготовките во Турција

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб и актуелен второлигаш, Вардар, со победа од 2-0 против рускиот тим СКА Ростов ја отвори серијата контролни натпревари за време на подготовките во Анталија.

Капитенот Дејан Блажевски во 49-тата минута беше стрелец на првиот гол, а конечните 2-0 беа поставени во судиското продолжение.

СКА Ростов е првопласиран тим во една од четирите трети лиги во Русија и се бори за влез во втора лига.

Тренерите го искористија овој меч за да испробаат повеќе фудбалери. Следен ривал на Црвено-црните ќе биде рускиот клуб Том од Томск, а договорени се пријателски мечеви и со вториот тим на Динамо Москва и со романскиот Херманштад.

- Оглас -

Најнови вести