Вардар со пораз во Кратово речиси сигурно испаѓа од Прва лига, а квотите го велат токму тоа

Некогаш беше дерби за титулата, а сега е дерби на дното на табелата. Силекс во Кратово го пречекува Вардар во дуел ан две екипи кои се во зоната за испаѓање. Силекс е претпоследен со 26 бода и тоа е позиција која води директно во Втора лига. Вардар е со само еден бод повеќе од кратовци на 10-тото место кое води во баражот за опстанок.

Силекс во овој меч влегува со големи мотиви, посебно по пласманот во финалето на Купот, додека Вардар игра катастрофално и уште нема ниту една победа во 2021 година (пет порази и две нерешени). Кратовци ги добија претходните два меча со Црвено-црните оваа сезона и тоа без да примат гол (4:0 во Скопје и 1:0 на домашен терен).

Тимот кој ќе загуби денеска, веќе со една нога ќе падне во Втора лига. Спорд коефициентите во Sport Life, Силекс е фаворит, па ќе биде вистинско чудо ако Вардар ја задржи позицијата која може некако да му донесе опстанок.

Во останатите мечеви кои се играа денеска од 13 часот во Прва лига, се среќаваат: Академија Пандев – Шкупи, Беласица – Македонија Ѓорче Петров, Борец – Струга Трим Лум и Ренова – Шкендија.

Сите мечеви од ова коло ги има на понудата на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести