Вардар со роденденска фан-зона ќе се загрева за победа над Алкалоид

Екипите на Вардар и Алкалоид ќе го отворат шестото коло од плејофот на ракометната Суперлига со меч во „Јане Сандански“, а забавата ќе започне во 16:30 часот пред салата, кога и официјално ќе започне роденденската прослава на Црвено-црните.

Најтрофејниот ракометен клуб во Македонија слави 65 години од формирањето, па раководството на клубот ги повикува навивачите на заедничко дружење исполнето со многу забава, подароци и награди од спонзорите.

Главниот настан започнува во 18 часот, а тоа ќе биде мечот против Алкалоид, а со победа Вардар ќе дојде чекор поблиску до освојување на титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести