Вардар тргна неубедливо, Воска тоа го искористи и дополнително избега

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар одигра само 0:0 на гости кај Охрид, во првото коло од пролетниот дел во Втора лига запад. За разлика од Вардар, екипата на Воска Спорт на гости кај Кадино одигра сигурно и победи со 2:0.

По 16. кола, Воска Спорт се зацврсти на второто место на табелата со 35 бодови, додека Вардар е трет, но сега заостанува пет бодови во трката за позиција која може да им донесе враќање во Прва лига.

Лидер во западната конкуренција е Силекс кој киксираше во Кратово и одигра само 1:1 против Гостивар, но тоа не треба да е проблем за лидерот кој има 42 бодови. Во останатите мечеви од Втора лига Запад, Тетекс – Кораби 2:0 и Беса – Велешта 3:1.

Во Втора лига Исток, постигнати се следните реултати: Братство – Победа 1:4, Тим Локомотива – Детонир јунајтед 1:3, Осогово – Беласица 0:3, Саса – Кожуф 1:0.

Еден меч се одигра и во Прва фудбалска лига, во Шкендија без проблем со 3:0 славеше во Велес против Борец.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести