Вардар три од последните четири меча со Веспрем ги загуби со девет разлика, фановите се на потег

За македонскиот ракометен првак Вардар 1961, дуелите со Веспрем во Лигата на шампионите во претходните две сезони не беа пријатни, на четири меча беа претрпени три порази од девет и еден дури од 14 голови разлика.

Сето тоа откако во јуни 2019, Вардарци го победија унгарскиот клуб во финалето на Лигата на шампионите. Таа последна победа на Вардар над Веспрем не се заборава, но веќе е минато, а сегашноста ги фаворизира Унгарците. Победникот оди во четвртфинале против Алборг.

Вечерва од 18.45 часот во „Јане Сандански“ почнува пресметката, се надеваме дека салата ќе биде исполнета и дека навивачите ќе му помогнат на Вардар, а загревањето почнува уште во 16 часот.

Од клубот информираа дека за сите навивачи и посетители ќе биде организирана и фан зона во задниот дел од салата, кај тениските терени. Ќе има добра музика со Ди-Џеј, забава за присутните, продажба на пијалоци…

Вардар само трипати го победил Веспрем во 13 пресметки во елитното натпреварување, а вечерва адут може да биде тренерот Давид Дејвис, кој во минатата сезона седеше на клупата на Веспрем.

- Оглас -

Најнови вести