Вардар убедлив во Тетово, Црвено-црните сега се во горниот дел од табелата

Вардар со 3:0 славеше во Тетово против Тетекс во меч од осмото коло на Втора лига Запад. Петковски, Керим и Дејан Блажевски беа стрелци за Црвено-црните и сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме. Во вториот дел, вардарци рутински ја задржаа предноста.

Со оваа победа Вардар се искачи на третото место на табелата со 14 бодови, но уште има големо заостанување зад лидерот Силекс кој минимално со 1:0 ја победи Беса и стигна до 22 бодови.

Втора лига Запад: Тетекс – Вардар 0:3, Гостивар – Кораби 4:2, Кадино – Велешта 0:1, Охрид – Воска 1:2, Силекс – Беса 1:0. Табела: Силекс 22 бодови, Воска 18, Вардар 14, Кораби 14, Тетекс 11, Гостивар 9, Беса 8, Велешта 8, Кадоно 5, Охрид 3. Следно коло (30 октомври): Кораби – Силекс, Вардар – Гостивар, Воска – Тетекс, Велешта – Охрид, Беса – Кадино.

Втора лига Исток:  Победа – Детонит 1:0, Осогово – Кит Го 0:3, Слога Виница – Кожуф 2:1, Локомотива – Беласица, Братство – Каменица Саса.

Следно коло (30 октомври): Детонит – Братство, Беласица – Победа, Кит Го – Локомотива, Кожуф – Осогово, Каменица Саса, Слога Виница.

 

- Оглас -

Најнови вести