Вардар го чека меч кој мора да го добие, а квотата за тоа е одлична

Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва го игра последниот меч на свој терен во Лигата на шампионите, а противник е ПИК Сегед. Црвено-црните имаат четири порази во низа во елитното натпреварување и според тренерот Веселин Вујовиќ, веќе е дојдено време да се стави крај на оваа лоша серија.

„Ова е натпревар кој мора да го добиеме. За моите критериуми, недозволиво е да имаме пет порази по ред. Ќе се обидеме со цврста одбрана, со помалку примени голови да стигнеме до добар резултат“, најавува тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ.

Вардар против ПИК Сегед досега има шест меча во „Јане Сандански“, во кои македонскиот првак има четири победи, едно реми и само еден пораз. Унгарскиот тим сезонава во ЛШ на три гостувања нема ниту еден пораз (една победа и две нерешени).

Некогашниот двократен европски првак во „Јане Сандански“ треба да има голема поддршка и од публиката. Популарните „Комити“ најавија атмосфера како во времето кога паѓаа сите најсилни европски ривали.

Денеска се играат вкупно четири меча во Лигата на шампиони и сите ги има во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести