Вардар втор пат за само 14 дена е поразен од Нексе, во меч од СЕХА лигата. Црвено-црните вечерва во Нашице загуби со 28:25 во третото коло од регионалната лига. Нексе славеше над македонскиот првак и во Скопје со 25:24, па хрватскиот тим сега е убедливо прв на табелата со три победи од три меча, додека Вардар има само еден успех.
Нексе водеше речиси во целиот меч. Домаќините одлично започнаа па по 10-тмина минути имаа предност од 10:4. Вардар до полувреме стигна само на три разлика (15:12).
Halil Jaganjac vs @HCVardar defence?
Halil after all. #SEHALeague #Gazprom #experiencehandball pic.twitter.com/xeNec6ZFSU— SEHA-GAZPROM LEAGUE (@SEHALeague) February 18, 2022
Во второто полувреме Нексе постојано го контролираше водството. Вардар стигна само на еден негатива на 21:20, а беше и 25:24 на две минути до крајот, но кога се очекуваше неизвесна завршница, Нексе најпрво даде гол од брз центар, а потоа по грешката на вардарци во нападот, домаќините од контранапад повторно реализираа и веќе беше јасно кој ќе победи.