Вардаров ракометен кошмар во Брест

Катастрофалното издание на актуелниот ракометен европски првак Вардар во второто полувреме на гостувањето кај Мешков Брест, е нешто што треба да биде поука за во иднина како не треба да се игра. Вардар загуби со 22-31 од Белорусите, и не ги искористи поразите на Монпелје и Кјелце за да се искачи нешто погоре на табелата во својата група.

Голманите на Вардар во второто полувреме не одбранија речиси ниту еден шут за 30 минути, а и нападот не се прослави, особено откако се повреди Даинис Криштопанс.

По првото полувреме, Вардар водеше со 13-12, но потоа се случи неверојатен пад во играта на „црвено-црните“. Стоилов со 6 гола беше најефикасен, а Атман и Дибиров дадоа по 4 гола.

- Оглас -

Најнови вести