Вардарова доминација во Ф4 дрим-тимот, Криштопанс МВП!

Сосема разбирливо, Вардар доминира во изборот за идеален тим на Ф4 турнирот на СЕХА-лигата, кој годинава се одржа во Брест, Белорусија. Четворица ракометари се најдоа во дрим-тимот, Стоилов,  Милосављев,  Дибиров, додека Даинис Криштопанс воедно беше избран и за најкорисен ракометар на Фајнл форот.

Ф4 идеален тим:

Голман – Дејан Милосављев (Вардар)

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Десно крило: Златко Хорват (ППД Загреб)

Среден бек: Сандро Обрановиќ (Мешков Брест)

Десен бек: Даинис Криштопанс (Вардар)

Лев бек: Дамир Бичаниќ (ППД Загреб)

Пивот: Стојанче Стоилов (Вардар)

МВП: Даинис Криштопас (Вардар)

 

 

- Оглас -

Најнови вести