Вардарци преку Истанбул заминаа за Каталонија

Екипата на Вардар во комплетен состав утринава замина за Барселона, каде што в сабота треба да го одигра натпреварот од осмото коло на Лигата на шампионите против Барса.

Составот од 16 ракометари замина за Истанбул, од каде што потоа продолжува за Барселона. Во експедицијата се наоѓаат: Дибиров, Војводиќ, Борозан, Дисингер, Скубе, Карачиќ, Криштопанс, Кисељев, Чупиќ, Шишкарев, Поповски, Стоилов, Калараш, Мишевски, Милосављев и Гедбан.

Екипата ќе има и два тренинга во Барселона, денеска попладнево и утре. Дуелот со Барселона е закажан за в сабота, од 19 часот и тоа ќе биде шанса за реванш по поразот викендов во „Јане Сандански“.

- Оглас -

Најнови вести