Вардарци се оптимисти, но квотите велат дека Монпелје е фаворит дури и со хендикеп од три гола!

По повеќе од два месеци пауза, Вардар денеска ги продолжува натпреварите во Лигата на шампионите. Црвено-црните се пред можеби најтешкиот предизвик затоа што гостуваат во Франција на лидерот Монпелје.

Македонскиот првак е во многу лоша низа и има седум порази по ред во елитното натпреварување. Оваа црна серија започна токму на мечот против Монпелје, кога Французите во октомври минатата година славеа во „Јане Сандански“.

Еден од најискусните во редовите на Вардар, крилото Гоце Георгиевски, вели дека не смее да има предавање предвреме и дека двократниот европски првак ќе се обиде да изненади.

„Монпелје е лидер во групата и тоа доволно зборува со каков квалитет располага противникот. Сепак, ние нема да одиме за да се предадеме. На првиот меч загубивме дома од нив, но сега имаме нов тренер и нов систем. Ги анализиравме последните нивни натпревари, знаеме дека ќе биде тешко, но и ние имаме шанси, па затоа треба да се надеваме на позитивен резултат“, рече Георгиевски.

Оптимизам владее и кај тренерот Давид Дејвис. Стратегот кој дојде на местото на Веселин Вујовиќ верува во момците, но на терен ќе се види колку овие оптимистички најави се реални.

- Оглас -

Најнови вести