Чиле нема да игра во третото финале во низа на Копа Америка откако непријатно беше изненаден од Перу и загуби со убедливи 3:0 во полуфиналето. Иако Чиле ја имаше улогата фаворит, Перу го одигра најдобриот меч кога беше најпотребно.
Кога беше јасно дека Перу ќе игра во финалето, во судиското надополнување Чиле доби шанса да постигне барем почесен погодок. Беше досуден пенал, а Едуардо Варгас реши да го изведе ударот од белата точка. Напаѓачот на Чиле сакаше на атрактивен начин да даде гол со Паненка, но се посрамоти.
Голманот на Перу, Гаљас, ја прочита неговата намера и успеа да го одбрани неговиот удар, и тоа со една рака.