Вашингтон потроши богатство за Бил

Вашингтон визардс стави крај на шпекулациите дека може да остане без услугите на својот клучен играч Бредли Бил откако двете страни се согласија на нова соработка. Новиот договор ќе стапи на сила од сезоната 2021/22, за која Бил ќе добие 34,5 милиони долари, а доколку ја прифати опцијата да остане уште една година, бекот на Визардс ќе инкасира дополнителни 37,3 милиони долари.

Сепак, постои и опција Бил да не го искористи тоа, што ќе му овозможи да преговара за максимален петгодишен договор кој би бил најголем во историјата на НБА-лигата, а би изнесувал 266 милиони долари.

Бил минатата сезона беше еден од најефикасните играчи во лигата со 25,5 поени по натпревар, 5,5 скока и 5 асистенции, но неговиот учинок не му помогна на Вашинтон да се избори за разигрувања, па франшизата заврши на 13-тото место во Источната конференција.

- Оглас -

Најнови вести