Вашингтон сака да направи тандем Игуаин-Игуаин

Фудбалскиот клубот од Вашингтон, ДЦ јунајтед, сака да го купи напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин, и така во своите редови да формира братски тандем. Пред два месеца, ДЦ јунајтед од Колумбус кру го купи Федерико Игуаин, 35-годишниот брат на популарниот Пипита, кој е многу попознат во светот на фудбалот играјќи за познати и големи клубови низ Европа.

Според шпекулациите, интерес за Игуаин има од Атлетик Билбао (дедо му бил Баскиец, па го исполнува условот да игра за овој клуб), потоа се спомнуваше дека би се вратил во Ривер плејт, од каде што дојде во Европа и клуб за којшто играше и неговиот татко. Договорот со Јуве му истекува во летото 2021 година.

Пред неколку месеци, Обединетите од дистриктот Колумбија останаа без Вејн Руни, кој се врати во Англија, па во потрага се по познато голгетерско име. Идејата за братски тандем можеби ќе му биде привлечна на 32-годишниот Игуаин, но ако клубот испрати доволно добра понуда, не треба да се исклучи реализацијата на овој трансфер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести