Вашингтон се спаси од метла, Јута на чекор до западното полуфинале (видео)

Вашингтон успеа да се спаси од метла со победата од 122:114 против Филаделфија во четвртиот меч од серијата и да изнуди најмалку уште еден меч во кој исто така ќе се спасува од елиминација. Расел Вестбрук со својот 11-ти трипл-дабл учинок во плејофот го одржа Вашингтон во живот, всушност целата прва петорка на домаќините издоминира во средбата искористувајќи ја повредата на Џоел Ембид.

Центарот на Филаделфија одигра само осум минути пред да го напушти паркетот поради проблеми со коленото, а тоа беше знак дека Вашингтон има простор да го искористи овој хендикеп.

Бил како најефикасен со 27 поени ги предводеше домаќините, Вестбрук придонесе со 19 поени, 21 скок и 14 асистенции. Меѓу најефикасните играчи на средбата се наметна Херис со 21 кош од кај Сиксерси.

https://twitter.com/WashWizards/status/1399556999336108032

Јута рутински дојде до водство од 3-1 во серијата против Мемфис по победата ноќеска од 120:113. Џезерите имаа контрола врз резултатот во поголемиот дел од средбата, но за момент во финишот стравуваа кога Мемфис дојде само на три коша негатива.

Врзаните тројки на Конли и Богдановиќ во последните две и пол минути беа знак дека Јута ќе го запише новиот триумф, а Гобер и Мичел со слободните фрлања ја завршија работата, па сега лидерот од Западот е на чекор до конференциското полуфинале.

Мичел како прва ѕвезда на Јута предводеше со 30 поени и 8 асистенции, го следеше најдобриот шести играч сезонава Џордан Кларксон со 24 поени, додека Морант беше светлата точка за Гризлите со 23 поени и 12 асистенции.

https://twitter.com/utahjazz/status/1399587013897031684

- Оглас -

Најнови вести