Васкес останува во Реал Мадрид до 2024 година

Реал Мадрид официјално го продолжи договорот со Лукас Васкес до јуни 2024 година. Повремениот шпански репрезентативец одби неколку понуди од Италија, како и германскиот првак Баерн, со цел да остане на „Сантијаго Бернабеу“ на дополнителни три години.

До крајот на обновената соработка, Васкес ќе мине речиси една деценија во белиот дрес, со можност да си ја надополни трофејната колекција. Шпанецот одигра важна улога во изминатата разочарувачка сезона за Кралевите, во поголем дел принудно како десен бек.

Со два погодоци и осум асистенции во 34 меча сезонава, Васкес се избори за нов договор со Кралскиот клуб и ќе му биде на располагање на новиот тренер Карло Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести