Васко да Гама има дури 16-мина фудбалери позитивни на корона-вирусот

Бразилскиот клуб Васко да Гама соопшти дека 16-мина играчи на тој тим се позитивни на тестирањето за присуство на корон-вирусот. Биле тестирани 43 лица во клубот, а тројца играчи се имаат излечено, но останатите мора да бидат изолирани и одвоени од тимот.

Атлетико Минеиро и Крузеиро имаат по еден заразен играч, а Васко со 16 позитивни е рекордер можеби и во светски рамки.

„Презедовме сеопфатна акција да ги идентификуваме сите инфицирани во клубот, за што побрзо да ги изолираме и да го запреме брзото ширење на вирусот“, велат од Васко.

Во Бразил има околу 515.000 заразени и речиси 30.000 починати, со што се четврти во светот зад САД, Велика Британија и Италија.

- Оглас -

Најнови вести