Васоски има сигурна варијанта за Бундеслигата, победи на фаворитите и многу голови во Штутгарт и во Волфсбург

1802 Борусија Дортмунд – Аугсбург (Сабота, 15.30 часот)

Борусија е ослабена пред се поради отсуството на Ерлинг Халанд, но сепак е голем фаворит за победа против Аугсбург. Тимот од Дортмунд има многу проблеми со повреди на играчите и неколку стандардни првотимци нема да играат, но против Спортинг во Лигата на шампионите покажаа дека можат и без нив да победуваат.

Аугбсург игра слабо на гостински терен и не постигна ниту еден гол на трите гостувања сезонава. Сега имаат нова шанса да го разбијат малерот против тим што игра ултраофанзивно.

Борусија мора да освојува бодови и без Халанд, домаќините имаат поголем кавлитет од Аугсбург и во ваква ситуација, а во минатите неколку години лесно му даваа голови на денешниот ривал.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.65)

 

1803 Херта – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)

Херта мина низ многу искушенија во ланската сезона, но сепак успеа да се избори за опстанок. И во овој циклус играат скромно, доживеаја два високи порази, од Баерн со 5:0 и со Лајциг од 6:0, но од некаде мора да се почне и со победи.

Во Берлин Херта има доста успеси против Фрајбург и на последните пет меча забележа три победи и двапати играше нерешено.

Домаќините се без реми, Фрајбург е без пораз, но очекувам за првпат да доживеат неуспех во новата сезона денеска на „Олимпискиот“ стадион во Берлин.

Предлог тип: 1 (2.85)

 

1804 Штутгарт – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)

Штутгарт нанижа серија од пет меча без победа, па ќе мора да атакува на трите бода, ако сака да ја повтори ланската сезона кога за малку не се изборија за настап во Европа.

Домашниот тим има доста проблеми со повредени играчи, го продадоа и најдобриот фудбалер Нико Гонзалес, па се мачат со настапите во овој циклус од Бундеслигата.

Хофенхајм е со нешто подобар старт, но ми се чини дека проектот е во застој, откако играа одлично неколку сезони.

Немаат победа против Штутгарт на „Мерцедес- Бенц“ арената од 2014 година, но знаат да одиграат ефикасно, па ќе типувам 3+.

Предлог тип: 3+ (1.48)

 

1805 Волфсбург – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 15.30 часот)

Волфсбург игра на два фронта и им се одрази на резултатите, па немаат победа на последните четири меча. Борусија имаше лош финиш во ланското првенство и за еден бод не успеа да обезбеди излез во Европа.

И сега се мачат и со повреди и со резултатите, па за реномето и квалитетот што го имаат скромно е 11-то место со 7 бода по шест кола. Амбициите и на двете екипи се големи, засега Волфсбург е поуспешен, но очекувам добар меч и од Борусија која има одличен офанзивен потенцијал.

Иако долг период во меѓусебните дуели не постигнале четири гола, денеска очекувам гол-шоу од двете екипи на „Фолксваген“ арена во Волфсбург.

Предлог тип: 4+ (3.00)

 

1806 Лајпциг – Бохум (Сабота, 18.30 часот)

Лајпциг си направи проблеми во дефанзивниот дел со продажбата на Упамекано и неочекувано прима многу голови. Биковите беа познати по добрата дефанзива, но нешто не штима во одбраната, па можеби и Бохум има шанса да постигне гол(ови).

Сепак со победата од 6:0 против Херта во минатото коло Лајпциг најави битка за горниот дел од табелата. Нкунку е во топ-форма и дава голови, очекувам да проработат и Поулсен и Форсберг и Лајпциг да забележи нова убедлива победа на домашен терен против тим што ќе се бори за опстанок.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.25)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести