Васоски типува сигурни победи на Баерн, Борусија и Фрајбург

1804 Арминија Билефелд – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Очекувам и двете екипи да одиграат попретпазливо, а тука ќе ја испочитувам и традицијата. На 9 од последните 10 меѓусебни дуели во Бундеслигата, или во Цвајта, Арминија и Мајнц играа натпревари на кои имаше најмногу два гола.

И досегашните настапи во новата сезона даваат поткрепа дека денеска во Билефелд на „Шуко арена“ нема да има многу голови.

Мајнц е само една од четирите екипи која се уште нема примено двоцифрен број на голови по 9 кола во Бундеслигата.

Арминија има многу слаб напад и со по 5 постигнати голови се најлоши во офанзивата заедно со Аугсбург.

Мајнц има поквалитетен тим, но Арминија знае да биде незгоден ривал на домашен терен, па мојот тип е од 0-2 гола.

Предлог тип: 0-2 гола (1.75)

 

1803 Борусија Дортмунд – Келн (Сабота, 15.30 часот)

Лани во деветтото коло во Бундеслигата Келн приреди сензација во Дортмунд и ја победи Борусија со 2:1, а сега во слична фаза, во 10. коло повторно ќе гостува на „Вестфален“.

Сега очекувам поинаков исход и сигурна победа на Борусија, екипа што првата четвртина од првенството ја одигра со многу проблеми. Постојано имаат по десеттина повредени и отсутни играчи. И денеска нема да играат Халанд, Џан, Гереиро, Рејна и уште неколку фудбалери, но Милионерите веќе се навикнаа на проблемите.

Келн одигра во германски стил до крај и упорно и дисциплинирано против Баер Леверкузен и во исцрпувачки меч им успеа негативата од 0:2 да ја преточат во голем бод со реми 2:2.

Иако Јарците се големи борци не верувам дека ќе успеат пак да ја изненадат Борусија во Дортмунд.

Предлог тип: 1-1&3+(2.60)

 

1805 Фрајбург – Гројтер фурт (Сабота, 15.30 часот)

Фрајбург веќе и не е изненадување во Бундеслигата, иако е неверојатно дека само тие се екипата без пораз во првите 9 кола.

Со релативно скромен играчки кадар во однос на фаворитите, Кристијан Штрејх направи компактна целина и работи одлично во Фрајбург.

По триумфот против Волфсбург играа маратонски меч во вторникот против Оснабрик во Купот на Германија што го добија дури по подобро изведување на пенали.

Тоа, односно заморот може да биде проблем за Фрајбург, но сепак се многу поквалитетни од слабиот тим на Гројтер фурт и очекувам да победат со најмалку два гола во мрежата на гостите.

Предлог тип: 1&T1 2+ (1.63)

 

1806 Баер Леверкузен – Волфсбург (Сабота, 15.30 часот)

Волсфбург е во голема криза со 8 меча без победа во сите натпреварувања, па настрада тренерот Марк Ван Бомел и е сменет по само 13 натпревари како кормилар на Волците.

Смената можеби ќе предизвика позитивен ефект кај играчите на Волфсбург, кои не играат добро ниту во Лигата на шампионите, особено не во Бундеслигата, но и на двата фронта не се далеку од остварување на целта.

И Баер има два кикса по ред, дебакл од Баерн со 1:5 и потоа уште полошо реми 2:2 со Келн, откако во последните половина час прокоцкаа предност од 2:0.

Овде бодовите ќе значат многу за две екипи што имаат европски амбиции и очекувам да се игра отворено и на победа што може да ги зацели раните и кај Баер и особено кај Волфсбург.

Предлог тип: 3+ (1.78)

 

1802 Унион Берлин – Баерн (Сабота, 15.30 часот)

Баерн ќе сака со победа во главниот град што побрзо да го заборави срамот што му се случи во Менхенгладбах и елиминацијата од купот со пораз од 5:0 против Борусија.

Лани, Унион Берлин двапати успеа да му одолее на шампионот и одигра 1:1 и во Берлин и во Минхен. Сега можеби и на нив не им одговара што Баерн доживеа катастрофа, па гостите ќе бидат посериозни и поодлучни со триумф да се вратат на вистинскиот колосек.

Унион Берлин ги прегрме дебитантските искушенија во Бундеслигата, дури стаса и од настап во европските купови и полека се наметнува како стандарден член на Бундеслигата.

Домаќините имаат интересен тим и еден опасен стрелец. Таиво Авони игра одлично, постојано дава голови, но сепак Баерн е многу поквалитетен, сега и разлутен лав и очекувам да победи убедливо.

Предлог:2-2&3+(2.20)

 

 

- Оглас -

Најнови вести