Васоски им верува на домашните екипи во комбинација со голови во Бундеслигата

1802 Бохум – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)

Бохум игра се подобро и има три победи на последните четири меча, ако се смета и успехот во Купот на Германија и пласманот во осминафиналето.

Новиот бундеслигаш се навикна на ритамот со настапи во најсилната германска екипа и очекувам и денеска да продолжи со серијата добри резултати.

И Хофенхајм ја стабилизира формата и има ист ефект како и Бохум, три победи на последните четири меча, а и тие останаа во игра за пехарот во популарниот ДФБ Покал.

Интересно е што Бохум е екипа што досега прими најмалку голови на домашен терен, и го имаат епитетот дека се домашна екипа, па очекувам и денеска да го оправдаат со најмалку два гола во мрежата на Хофенхајм.

Предлог тип:Т1 2+ (2.55)

 

1803 Баерн Минхен – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)

Баерн е машина што не престанува да ги полни мрежите на противниците. Просек од 3.8 гола во силна лига како германската е за респект. Денеска актуелниот првак ќе има интересен предизвик. На гости им доаѓа единствената непоразена екипа во Германија.

Фрајбург навистина игра и убаво и тактички зрело, но Баерн е друга димензија. Најтрофејниот германски тим гази се пред себе како во најдобрите денови на клубот и е меѓу најсилните екипи на светот.

Фрајбург прими само 7 гола на 10 меча, што е најмалку во целата лига, но денеска тешко ќе најде чаре како да ги сопре Левандовски и комапнија.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.67)

 

1804 Штутгарт – Арминија (Сабота, 15.30 часот)

Штутгарт продолжува со големи маки и доста отсутни играчи, па повторно е најавено дека речиси цел тим е отсутен и за мечот со Арминија.

Интересно е што двете екипи играа меѓусебе во подготвителниот период и мечот се играше 120 минути и заврши со победа на Штутгарт со 5:2 по продолженија.

Во официјалните натпревари во последно време билансот е некако израмнет, но според мене и со сите проблеми Штутгарт има многу поквалитетен тим од Арминија и ќе победи, а тимот од Билефелд ќе мора да ја брка првата победа во Бундеслигата на некој иден меч.

Предлог тип: 1 (1.92)

 

1805 Волфсбург – Аугсбург (Сабота, 15.30 часот)

Смената на Марк Ван Бомел се покажа како правилно решение за Волфсбург и тимот со новиот тренер Флоријан Кохфелт забележа победи против Баер Леверкузен на гости и против салсбург на домашен терен во Лигата на шампионите.

Волците сега имаат идеална шанса за хет-трик против екипа што на последните два меча на „Волксфаген“ арена не успеаја да ја победат, ниту да и дадат гол.

Двапати одиграа 0:0, но не треба да се заборави и дека во 2019 година го испратија Аугбург дома со полна мрежа и со 8 гола.

Волфсбург игра офанзивен фудбал, на последните два меча ја покажа ланската форма и игра што ги доведе до настап во Лигата на шамоиуоните и очекувам тој тренд да продолжи со победа и против Аугсбург на меч со најмалку три гола.

Предлог тип: 1&3+ (2.30)

 

1806 Лајпциг – Борусија Дортмунд (Сабота, 18.30 часот)

И двете екипи имаат доста проблеми со повреди на дел од клучните играчи, но и се во убави серии без пораз. Лајпциг е непоразен на шест меча по ред во Бундеслигата, а Борусија нанижа четири победи.

Гостите се навикнаа да играат без најдобриот стрелец Ерлинг Халанд, гостите останаа без пола одбрана поради повреди, но и во такви услови играат сосема солидно.

Ова е концепт на две напаѓачки екипи кои имаат највисоки амбиции и очекувам многу голови на „Ред Бул арена“.

Предлог тип: 4+ (2.35)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести