Васоски кратко и јасно на стартот на Бундеслигата: Три двојки, 3+ во Бремен и пад на Арминија во Франкфурт

Ајнтрахт Франкфурт – Арминија Билефелд (Сабота, 15.30 часот)

Арминија има резултати за респект, најпрво успеа да се врати во Втората лига, потоа чекаа пет години за промоција во Бундеслигата, па дочекаа настап со најсилните клубови во Германија.

Лани убедливо беа шампиони во Цвајта, но сепак Бундеслигата и натпреварите со екипи од рангот на Баерн, Борусија Дортмунд, Лајпциг… е нешто поинакво и мислам дека немаат капацитет и искуство за нешто повеќе од битка за опстанок.

Ајнтрахт имаше солидна сезона лани, а играше добро и во Европа Лигата, па се големи фаворити за победа на стартот на новиот циклус натпревари во Бундеслигата.

Очекувам да тргнат офанзивно и да имаат предност на полувремето и да ги освојат бодовите за добар старт во германското првенство.

Предлог тип: 1-1 (2.55)

 

Келн – Хофенхејм (Сабота, 15.30 часот)

Голем хендикеп за Келн е што ќе ја нема вообичаената поддршка од навивачите. Кога играат пред 50 илјади навивачи на „Рајн Енерџи“ има спектакуларна атмосфера, што дава дополнителен мотив да се победи.

Хофенхајм е амбициозен клуб со богат сопственик и повторно очекуваат пламсан во горниот дом во Бундеслигата. Според мене имаат и поквалитетен тим од Келн, во последно време редовно го победуваа денешниот ривал што ќе им биде сосема доволно за стартни три бода.

Типувам на петта победа по ред на Хофенхајм во дуелите со Келн.

Предлог тип: 2 (2.60)

 

Штутгарт – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот) 

Кам-бекот на Штутгарт, кој е петкратен првак на Германија е одличен за Бундеслигата, но овде предност ќе му дадам на гостинот.

За домаќините нема да игра Николас Гонзалес, играч пто беше убедливо најдобар во ланскиот состав на Штутгарт и прв стрелец во Втората лига. Се надевам дека Дарко Чурлинов ќе игра почесто за Штутгарт, тим кој не се засили значајно и за нив успех ќе биде ако избегнат битка за опстанок.

Фрајбург игра солидно во последните неколку сезони во Бундеслигата и очекувам да победи на „Мерцедес бенц“ арена.

Предлог тип: 2 (3.00)

 

Вердер – Херта (Сабота, 15.30 часот)

Вердер и Херта играат офанзивен фудбал и очекувам дека ќе бидат ефикасни и во премиерниот дуел за двете екипи во Бундеслигата.

Тимот од Бремен едвај се избори за бараж, а и таму се мачеше против Хајнденхајм, па сега сигурно ќе сакаат да ја избегнат голготата од ланскиот настап во Германија.

Дека ќе тргнат посериозно во новата сезона покажаа и со сите 7 победи во подготвителниот период и потоа и со елиминација на Јена во купот на Германија.

Херта направи вистински избор со поставувањето на Бруно Лабадија за тренер и по рестартот на сезоната играа и многу подобро и поефикасно.

Тимот од Берлин нема да го менува стилот, Вердер знае да одигра напаѓачки и ефикасно, па очекувам да има доста голови на „Везер“ во Бремен.

Предлог тип: 3+ (1.76)

 

Унион Берлин – Аугсбург (Сабота, 15.30 часот)

Унион Берлин и неговите навивачи беа вистинско освежување во Бундеслигата, но проблем секогаш е втората сезона, кога еуфоријата вообичаено спласнува.

Унион ќе ја нема френетичната поддршка од симпатизерите и ќе има многу повеќе проблеми од лани, кога беше непознаница за ривалите во Германија. Според мене ќе бијат грчевита битка за опстанок и ако обезбедат и трета сезона по ред во најквалитетното германско друштво, тоа би бил голем успех за нив.

Аугсбург се мачеше минатата сезона, на крајот заврши една позиција над опасната зона, а и не стои добро со билансот во меѓусебните дуели со Унион Берлин.

Имаат само една победа во шест пресметки, но овде ќе одиграм на квалитет, а според мене тој е на страната на гостите, кои можат да го победат Унион во ситуација кога домаќините ќе ја немаат препознатливата атмосфера на „Форстереј“ во Берлин.

Предлог тип: 2 (3.00)

 

- Оглас -

Најнови вести