Васоски поднесе оставка како прв тренер на Сараево

Екипата на Сараево одигра уште еден разочарувачки меч и на крајот освои само бод на свој терен против Железничар (1:1) во најголемото дерби во првенството на Босна и Херцеговина. Тренерот на Сараево, македонскиот стратег Александар Васоски, по мечот изјави дека си заминува од клупата.

„Задоволни сме од резултатот. Добро го отворивме мечот, бевме агресивни, сакавме рано да постигнеме гол. Поради прекинот, го загубивме ритамот. Примивме гол од прекин, како и многу пати претходно. Пред крајот на средбата имавме стоотстотна шанса и можевме да победиме, но не успеавме. Тоа е тоа. Уште по мечот со Борац размислував да си заминам, но верував дека ќе победиме против Радник и Железничар. Не победивме против Железничар и тоа е тоа. Им благодарам на сите, вам новинарите, на навивачите, на сите во клубот им посакувам сè најдобро“, рече Васоски.

- Оглас -

Најнови вести