Орлите летаат високо, Васоски очекува да го урнат и шампионот

1804 Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен (Сабота, 15.30 часот)

Ајнтрахт е во страшен налет со 10 меча без пораз и сега им е шанса да го победат најдобриот германски тим. Вопоследно време дуелите на овие две екипи се исклучително интересни и ефикасни, па имаше победи со по 5 постигнати гола и на Ајнтрахт и на Баерн.

Шампионот игра многу натпревари вопеколен ритам, дури во екот на сезоната патуваа и за Катар на светскиот клупски куп што секако ќе се одрази со замор.

Баерн има доста отсутни играчи, нема да играат Гнабри, Толисо, Милер, Павард… што заедно со заморот можат да им создадат многу проблеми против екипа што игра фантастично во 2021 година.

Ајнтрахт има брзи напаѓачи и знае да одигра молскавилна контра, а интересен ќе биде дуелот на двајцата најдобри стрелци во Бундеслигата, Роберт Левандовски и Андре Силва. Овде ќе типувам на изненадување и на победа на мојот поранешен тим.

Предлог тип: 1 (4.00)

 

1803 Келн – Штутгарт (Сабота, 15.30 часот)

Келн ја крена формата во поседните месец дена и успеа барем малку да се оддалечи од опасната зона за испаѓање. Популарните Јарци се уште не се безбедни, но сега полесно дишат во битката за продолжување на прволигашкиот статус.

Штутгарт има послаби резултати во последно време и само една победа на последните 7 натпревари. Имаат нешто поквалитетен тим од Келн и се уште се меѓу најдбрите гостински екипи во Бундеслигата, иако имаат три порази по ред кога не играат на свој терен.

Штета е што се повреди Чурлинов, можеби ќе добиеше шанса да ги покаже своите квалитети против поранешниот тим, Келн.

Очекувам фајтерски фудбал на „Рајн Енерџи“ арена во Келн и најмалку 3 гола на мечот меѓу Келн и Штугарт.

Предлог тип: 3+ (1.75)

 

1805 Фрајбург – Унион Берлин (Сабота, 15.30 часот)

И двете екипи имаат одлична сезона и шанса да атакуваат на позициите што водат во европските купови. Унион Берлин ја поби теоријата дека втората сезона на клуб што влегол во повисок ранг на натпревари речиси стандардно енпсолаба од првата и има 30 бода, со сигурно обезбеден опстанок.

Клубот од главниот град малку го расипа впечатокот вопоследните пет кола, во кои нема победа, но очекуван е и пад на формата во првенство што е исклучително силно, каква што е Бундеслигата.

Фрајбург е незгоден тим на свој терен, иако ја нема поддршката на публиката, а го потврдија тоа и со победа протиув Борусија Дортмунд.

Очекувам и денеска да ја искористат предноста, бидејќи се во подобра форма во моментов од Унион Берлин.

Предлог тип: 1 (2.60)

 

1801 Борусија Менхенгладбах – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Борусија веќе не смее да си дозволи кикс со послаб противник ако сака повторно да игра во Лигата на шампионите. Малку е незгдно за нив што веќе се знае дека тренерот Марко Розе ќе се пресели во Дортмунд, но тоа може да биде и мотив за него да ја заврши сезоната со успех и нов пласман за тимот од Менхенгладбах во ЛШ.

Мајнц забележа две победи во последните пет кола што им дава надеж за подвиг и опстанок во Бундеслигата, но денеска ќе загуби на „Борусија парк“.

И покрај малата криза, домаќините имаат многу подобар тим, го газат Мајнц со убедливи победи во последно време, а и денеска че ги освојат бодовите, како добра увертира за двомечот со Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Предлог тип: 1-1&3+ (4.00)

 

1806 Шалке 04 – Борусија Дортмунд (Сабота, 18.30 часот)

Шалке 04 се уште се надева на спас, иако со само9 бода е последен на табелата во Бундеслигата. Надеж за тимот од Гелзенкирхен има, бидејќи и конкурентите не играат добро, па разликата е само 9 бода.

За да приредат подвиг избраниците на Кристијан Грос треба да победуваат и посилни екипи од себе, а денеска им е вистинската шанса во големот дерби на Рур.

Иако Борусија е апсолутен фаворит, исходот на ваквите мечеви не зависи само од квалитетот и од формата. Шалке веројатно ќе биде задоволен и со реми, бидејчи гостите имаат многу посилен тим, а доаѓаат на „Велтинс“ арена по големата победа против Севилја во Лигата на шампионите.

Не верувам дека домаќините имаат одбранбени оружја за да ги сопрат Халанд, Санчо, Реина…. и ќе типувам двојка.

Предлог тип: 2 (1.36)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести