Последно коло во Бундеслигата, Васоски очекува доминација на домаќините

1802 Ајнтрахт – Фрајбург (Саботa, 15.30 часот)

Ајнтрахт ја прокоцка шансата да игра во Лигата на шампионите, а Фрајбург може да се протне до Конференциската лига на Европа.

Но и да победат гостите ќе зависат од резултатите на конкурентите, Унион Берлин, Борусија Менхенгладбах и Штутгарт во битката за седмото место.

Можеби играчите на Фрајбург имаат повеќе мотиви, но Ајнтрахт е поквалитетна екипа и ќе сака со победа на домашен терен да ја заврши сезоната.

Ајнтрахт сигурно ќе биде петтпласиран на конечната табела во Бундеслигата, а типувам дека ќе стави печат со триумф против Фрајбург.

Предлог тип: 1 (2.05)

 

1804 Унион Берлин – Лајпциг (Саботa, 15.30 часот)

Лајпциг е вицешампион на Германија и тоа не може да се смени без разлика на исходот на последниот меч на Биковите во Берлин.

Унион е на седмото место, последно што води во Европа, но и ќе мора да победи за сигурно да настапи во Конференциската лига, што би бил историски успех за клубот.

Домаќините имаа сезона за респект, но во Германија нема милост, се игра за победа, а Лајпциг е поквалитетен тим од Унион Берлин и очекувам да ги однесат бодовите од главниот град.

Предлог тип: 2&3+ (3.10)

 

1805 Келн – Шалке 04 (Саботa, 15.30 часот)

Келн и да победи против испаднатиот Шалке 04 не е сигурен дека ќе обезбеди опстанок, но трите бода се единствена опција за Јарците.

Екипата што е претпоследна на табелата нема пораз од Шалке 04 на последните пет меча и тоа им дава простор за оптимизам дека можат да го победат фенерџијата во дербито на дното на Германија.

Шалке изненади со триумф против Ајнтрахт во минатото коло, но ќе типувам дека ќе загуби од Келн, екипа која мора да ги освои бодовите за евентуален спас од испаѓање.

Предлог тип: 1 (1.35)

 

1606 Хофенхејм – Херта (Сабота, 15.30 часот)

Херта играше најмногу од сите Бундеслигаши во последните 15-20 дена, бидејќи мораше да ги одигра трите одложени натпревари, поради Ковид-19.

Мисијата беше успешна за тимот од Берлин, успеа да обезбеди опстанок, па сега можно е дел од првотимците кои играа во пеколен ритам и да одморат.

И кај двете екипи има многу отустни играчи. Кај Хофенхајм најавено е дека нема да играат дури 12 фудбалери, кај Херта 8 што значи дека и резервите ќе имаат значајна улога.

Натпреварот е само за престиж, а очекувам во ефикасен дуел да победи домаќинот.

 Предлог тип: 1 (2.10) Супер тип на Sport Life

 

1809 Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен (Саботa, 15.30 часот)

Натпреварот е без резултатско значење за двете екипи, бидејќи веќе се знае дека Борусија ќе игра во Лигата на шампионите, а Баер во Конференциската лига на Европа.

Можеби на домаќините ќе им значи да бидат третопласирани, а за тоа веројатно ќе им треба да имаат подобра гол-разлика од Волфсбург, ако и двете екипи победат.

Ханес Волф најави дека неколку првотимци на Баер ќе одморат, можно е истото да се случи и кај домаќините, но ми се чини дека и покрај се натпреварот е како порачан за голови.

Предлог тип: 4+ (1.60)

 

 

- Оглас -

Најнови вести