Васовски им ја честита титулата на Вардарци: Апсолутно заслужено!

Вардар и официјално ја доби титулата за замрзнатата сезона 2019/20 како првопласирана екипа на табелата пред прекинот на првенството. Оваа одлука беше донесена денес на состанокот на управниот одбор на ФФМ, па така Црвено-црните сега може да ѝ се радуваат на 11-тата национална титула во клупската историја.

По тој повод, тренерот Александар Васовски се огласи преку социјалните мрежи и го честита успехот на своите играчи, стручниот штаб и секако 12-от играч, Комити.

„Честитки и официјално за сите играчи, стручниот штаб, сопстевникот, сите вработени во клубот и секако до нашиот 12-ти играл, Комитите! Успеавме да ја вратиме титулата по две години пост во нашите витрини, апсолутно заслужена, со најлмада вардарова екипа можеви од неговото постоење. Не се станува шампион секој ден, затоа уживајте мои Комити, фала ви за секоја секунда што не бодревте“, се огласи Васовски.

За ексвардаровиот фудбалер, ова е прва титула во тренерската историја и сигурно му е посебно драга бидејќи ја освои клубот кадешто ја почна фудбалската кариера и мина пет години во два мандати.

- Оглас -

Најнови вести