Ватерполо репрезентацијата на Србија се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, со победа над Грција од 12:11, а одлучувачкиот гол го постигна капитенот Никола Јакшиќ во последната секунда од мечот.
AAAAAAAAAAA
— Александар Ковачевић (@AleksandarSDCZ) August 7, 2024
Шампионски ген!!! 🇷🇸🇷🇸🇷🇸 pic.twitter.com/wrOx6s4mYJ
Ова беше реприза на финалето од Игрите во Токио, кога исто така Србија излезе како победник против Грците и ја освои титулата олимписки шампион, која сега ја брани во Париз.
Србија сега го чека подобриот од дуелот меѓу САД и Австралија, за да го дознае името на противникот во полуфиналето.