Ватерполо мајсторија, голман постигна ефектен гол (Видео)

Црногорецот Славен Кандиќ постигна одличен гол за неговиот ватерполо тим во Франција, и тоа не би било ништо чудно ако не се знае дека Кандиќ е голман. Кандиќ брани за Па д‘Екс, и на дуелот против Ноиси, погоди во самата завршница за изедначување на 9-9, со што го спаси својот тим на пораз.

Искусниот голман кој со репрезентацијата на Црна Гора во 2018 година ја освои Светската лига, го преплива речиси целиот терен со топка во рацете, и кога дојде на позиција од која може да упати шут, без размислување го направи тоа, изненадувајќи ги сите во базенот кои очекуваа тој да додаде.

- Оглас -

Најнови вести