Ватфорд го ангажира најстариот тренер во историјата на Премиер лигата

Екипата на Ватфорд пред неколку дена објави дека ја прекинале соработката со Клаудио Раниери поради серијата лоши резултати.

Денеска клубот соопшти дека на тренерската позиција до крајот на сезоната на клупата ќе биде Рој Хоџсон.

Хоџсон има богата тренерска кариера, а воедно е и најстариот тренер во историјата на Премиер лигата.

Тој во моментов има 74 години, а зад него се Сер Боби Робсон (71 година 192 дена) и Сер Алекс Фергусон (71 година 139 дена).

Ватфорд во моментов има 14 бодови и е на претпоследното место во Премиер лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести