Важен адут му се става на располагање на Зидан пред реваншот со Аталанта

Искусниот лев бек на Реал Мадрид, Марсело, закрепна навреме по повредата на листот и ќе биде во конкуренција за настап во реанш-дуелот против Аталанта во осминафиналето од ЛШ, кој е закажан за утревечер.

Бразилецот без проблем ги одработува тренинзите, но се претпоставува дека Марсело ќе чека шанса од клупата за резерви во средбата која ќе се игра на помошниот стадион „Алфредо Ди Стефано“. Менди засега е цврст на левата бековска позиција, кој впрочем ја направи разликата во Бергамо со победничкиот гол во финишот.

Изминатиов викенд во тешко остварената победа над Елче, Зинедин Зидан беше среќен што во екипата му се вратија капитенот Серхио Рамос и Еден Азар, кои исто така ќе конкурираат за настап против Божицата, додека половично одморените Крос и Модриќ потполно се подготвени.

- Оглас -

Најнови вести