ВБА и Барнли играа за да не загубат, им успеа во досаден меч без голови

Досаден меч без голови и со многу малку шанси одиграа Вест Бромич албион и Барнли, а планот да не се загуби им успеа на Славен Билиќ и на Шон Дајш.

Гостите постигнаа гол во првото полувреме, но беше поништен поради офсајд, а и претходно и потоа имаше малку шанси за гол на двете страни.

Барнли го освои првиот бод во новата сезона во Премиер лигата откако претходно нанижа три порази, а и ВБА има скромен старт со второ реми и три порази во првите пет кола во најсилното англиско првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести