Вчера ги погодивме сите пет предлози, денеска нова интересна „тура“

1707 Лион – Брест (21 ч.)

Лион конечно влезе во добра форма, но Брест е ривал кој знае да биде опасен. Неверојатна е традицијата кога играат овие два клуба, па 11 од последните 12 средби биле со гол-гол комбинација, односно се треселе мрежите на двата тима.

Од овие 12 средби, дури петпати резултатот на крајот бил 1:1, а интересно е дека дури седумпати било нерешено, четирипати се радувал Лион, а  Брест има само една победа.

Предлог тип: ГГ (1.74)

 

1301 Бетис – Барселона (21 ч.)

Бетис е тим кој кога игра на домашен терен, не се плаши од никого, па затоа и во осум меча сезонава пред своите фанови има само еден пораз, а дури пет победи. Во овие осум дуели на свој терен, Бетис примил само пет гола.

Барселона сезонава игра одлично, посебно во одбраната и досега прими само шест гола во 18 кола. Каталонскиот гигант повеќе од три месеци нема пораз во сите натпреварувања, а тимот на Чави Ернандес ќе сака оваа низа да продолжи и на ова жешко гостување.

Предлог тип: Х2&0-2 (2.40)

 

1104 Манчестер јунајтед – Нотингам форест (21 ч.)

Реванш-меч од полуфиналето на Лига купот, а домаќинот треба рутински да одработи затоа што на првата средба победи убедливо на гости со 3:0. И во првенството Јунајтед со 3:0 го победи овој ривал на дуел одигран на „Олд Трафорд“.

Црвените ѓаволи сигурно нема да сакаат да остават ништо на случајноста и со нов триумф ќе го заверат местото во финалето, кое ќе се игра на Вембли, но може да нема многу голови.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.82)

 

3617 Рома – Кремонезе (21 ч.)

Жозе Мурињо е специјалист за мечеви во националните Купови, а сега не можеше да посака подобар ривал од Кремонезе, екипата која е последна во Серија А без ниту една победа. Сепак, Рома треба да биде претпазлива затоа што токму Кремонезе во претходното коло на „Диего Армандо Марадона“ го елиминира Наполи на пенали.

Волчицата е во добра форма и во шест меча во 2023 година единствено загуби од Наполи, и тоа со гол во финишот, па победа во Купот ќе биде и одлична рехабилитација.

Предлог тип: 1-1 (2.06)

 

1655 Ојпен – Генк (18:45 ч.)

Генк игра сезона од соништата и има 19 победи во 22 меча во белгиското првенство, па заслужено е лидер. Ојпен се бори за опстанок и е тим со третата најслаба одбрана, која во просек прима повеќе од два гола на меч.

Дури и ако се погледнат последните пет меѓусебни дуели, ќе се види дека се со гол-шоу, па секогаш имало најмалку по четири погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)

- Оглас -

Најнови вести