Вчера го промовираа, денеска има први проблеми околу Азар

Еден Азар синоќа и официјално беше промовиран во нов играч на Реал Мадрид. Белгискиот репрезентативец го поздравија повеќе од 50.000 навивачи на „Сантијаго Бернабеу“. На промоцијата, Азар излезе во бел дрес на Реал Мадрид, но без бројка на грбот.

Новата ѕвезда на тимот откри дека побарал од Лука Модриќ да му ја отстапи 10-ката, но Хрватот очекувано го одбил тоа. Во првиот тим на Реал, засега слободен е дресот со бројот 16, што сигурно не е опција за Азар. Факт е дека во брзо време се очекува од „Сантијаго Бернабеу“ да си заминат повеќе играчи, со што ќе бидат достапни и повеќе бројки.

Сепак, како што пишува „Марка“, тоа што уште не е одлучено кој број ќе го носи Азар, прави голем проблем бидејќи продажбата на дресови на Азар оди многу послабо од очекуваното. Тоа е така бидејќи навивачите не сакаат да купат дрес без бројката што ќе биде сопственост на Азар.

 

- Оглас -

Најнови вести