Вчера изведе ремек-дело од пола терен, денес се најде на радарот на Тен Хаг

Исмаила Сар изненадувачки се најде меѓу потенцијалните напаѓачи кои ги мерка Ерик тен Хаг како замена за бунтовниот Кристијано Роналдо.

Младиот голгетер на Ватфорд вчера постигна ремек-дело од пола терен, го шокира ВБА, по што го привлече вниманието на неколку клубови од фудбалската елита, меѓу кои и Црвените ѓаволи.

Иако засега нема конкретни потези, Тен Хаг посакува да го види Сар во црвениот дрес бидејќи на Јунајтед очајно му треба освежување во нападот.

Меѓу останатите опции како потенцијални засилувања се најде и Алваро Мората, напаѓачот на Атлетико Мадрид, додека Болоња одби да го ослободи искусниот Марко Арнаутовиќ.

- Оглас -

Најнови вести