Вчера погоди два точни резултати, даде предвидување на сите мечеви од третото коло

Некогашниот англиски фудбалер Крис Сатон се најде во улога на фудбалски аналитичар во пресрет на последното коло од групната фаза на Светското првенство во Катар. Сатон играше во напаѓачкиот дел, постигнуваше погодоци за Норвич, Блекбурн, Челзи, Селтик, Бирмингам и Астон вила, а имаше и еден настап за англиската репрезентација.

Сега Сатон за популарниот англиски медиум Би-би-си се најде во улога на прогнозер на точните резултати во последното коло од групите на Мундијалот. По вчерашните четири резултати, Сатон се покажа како одличен затоа што погоди два точни резултати, а на два за малку не беше прецизен.

Во групата А погоди дека Холандија со 2:0 ќе го победи Катар, а на дуелот кој директно решаваше за патникот во осминафиналето предвидувањето му беше дека Еквадор ќе победи со 2:1, а на крајот Сенегал славеше со 2:1.

Во групата Б, Сатон погоди дека неговата Англија убедливо со 3:0 ќе го победи Велс, додека на дуелот меѓу Иран и САД предвидувањето му беше 1:1, а на крајот Американците се радуваа со 1:0.

Со оглед на тоа дека Сатон се покажа како одличен предвидувач, ви ги презентираме неговите прогнози за точен резултат на преостанатите средби кои треба да се играат во третото коло од СП.

- Оглас -

Најнови вести