Вчера во Англија победија во чест на газдата, а денеска во Бангкок го погребаа (Фото)

Човекот кој од Лестер ја создаде најубавата фудбалска приказна во Премиер лигата, Вишај Шриваданапраба денеска беше погребан во Бангкок. Газдата на Лестер минатата сабота загина во хеликоптерска несреќа заедно со уште четри лица. Несреќата се случи веднаш по завршување на дуелот Лестер – Вест Хем, а хеликоптерот падна на паркингот пред стадионот „Кинг Пауер“.

Иако имаше можност Лестер да го одложи дуелот против Кардиф, играчите одлучија да играат и да победат на гостувањето во Велс. Лестер вчера славеше со 1:0. Нецели 24 часа по победата над Кардиф, дури 13 играчи на Лестер решија да отпатуваат во Тајланд и во Бангкок и денеска присуствуваа на погребот на газдата Шриваданапраба.

Со авион патуваа дури 13 часа за да му оддадат последна почит на сопственикот на Лестер и човекот кој од Лестер направи шампион на Англија. Меѓу оние кои отпатуваа во Бангкок беа и Каспер Шмајхел, Џејми Варди, Хари Мегвајер, како и капитенот Вес Морган.

- Оглас -

Најнови вести