Вечер за сензации во Евролигата – Жалгирис ја доби драмата против Фенербахче

Жалгирис ја доби драмата во Истанбул против Фенербахче, победи со 82:80 и ја комплетираше вечерта за сензации во Евролигата.

Литванците го следеа примерот на Баксонија, екипа што ја победи ЦСКА во Москва и израмни на 1-1, а истиот резултат е актуелен и во четвртфиналната серија меѓу Фенербахче и Жалгирис.

Гостите убедливо го загубија првиот меч со 76:43 и речиси никој не веруваше дека можат веднаш на следниот меч да се вратат во игра.

Вечерва одиграа многу подобро, постигнаа речиси двојно повеќе поени и победија. На крајот Фенербахче успеа да израмни на 80:80, но прокоцка два напади за победа.

Улановас со 20 поени беше лидер на Жалгирис, а кај Фенер прв стрелец беше Датоме со 17 поени. На следните два меча на 23 и на 25 април домаќин е Жалгирис во серијата до три победи.

- Оглас -

Најнови вести