Вечерва ќе се испише тениската историја: Ова досега никогаш не се случило

За прв пат во историјата на Мастерс 1000 турнири, четворицата играчи кои ќе играат во полуфиналето се тенисери кои не се во Топ 25 на АТП листата. Мастерс 1000 турнирите започнаа да се одржуваат во 1990 година и во 280 турнири кои се одиграа досега, никогаш немало во полуфиналето да не игра некој од актуелните Топ 25 во светот.

Заслужни за испишување на оваа историја се, Николас Басилашвили од Грузија кој е на 36 место на АТП листата и вечерва ќе игра против Американецот Тејлор Фриц, кој е на 39 место на АТП листата.

Во второто полуфинале ќе играат Григор Димитров од Бугарија кој е на 28 место на АТП листата, против Британецот Камерон Нори кој е 26-ти на АТП светската ранг листа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести